Од 16 земји, Македонија 12-та на детска Евровизија

by fokus 17:51
17:51

Од 16 земји учеснички на јуниорската Евровизија, Македонија го освои дванаесеттото место со песната ,,Dancing Through Life’’ во изведба на Мина Блажев.

14 – годишната пејачка настапи на сцената во Тбилиси, Грузија, но и покрај тоа што годинава беше достапна можноста да се гласа и за сопствената земја, заврши со само 69 поени. Зад нас се најдоа Албанија со 67, Португалија и Ирска со по 64, и Кипар со 45.

- Advertisements -

Победата ја однесе Русија, со 188 поени за песната ,,Wings’’ во изведба на Полина Богушевич.

Македонија досега имала најдобар пласман на детската Евровизија во 2007 година, кога го освои петтото место со песната ,,Динг динг донг’’ во изведба на Росица Кулакова и Димитар Стојменовски.

Нашата земја е редовен учесник на настанот од самиот почеток на неговото одржување, односно од 2003 година. Свои претставници единствено немаше во 2012 и 2014 година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости