Петровски: Вмровците да се радикализираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го напушти Собранието

by fokus

Филип Петровски им се обрати на демонстрантите пред Кривичниот суд и побара ВМРО-ДПМНЕ да консолидира и радикализира и да го напушти Собранието.

-Ги повикувам сите членови на ВМРО-ДПМНЕ и сите месни комитети да се сплотат, да поставиме шатори овде пред Судот и пред Влада. Ќе има отпор од Македонците. Нема да го признаеме Судот и тоа што Судот го прави доколку има недемократска процедура, рече Петровски.

Тој рече дека сите граѓани заспале во Македонија, а се разбудиле во Белорусија и дека ова што го прави СДСМ и Зоран Заев било режим.

Поврзани новости