Влезниците за солистичкиот концерт на поп пејачката Калиопи во велешкиот театар се пуштени во продажба, а нивните цени изнесуваат 1.000 односно 1.200 денари, во зависност од местото на седење.
Билетите во партер се најевтини, по 1.000 денари, додека во ВИП партер и балкон изнесуваат по 1.200 денари, и може да се купат на страницата Карти.мк. Ова е прв концерт на Калиопи во земјава по неколкугодишна пауза и ќе се одржи на 26-ти ноември со почеток од 20 часот.
-По многубројните концерти во регионот, а на покана од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, Калиопи подготвува вистинско музичко доживување за македонската публика. Концертот ќе се одржи на 26-ти ноември 2022 година, на големата сцена „Петре Прличко“, со почеток во 20.00 часот – најави организаторот, Театар ,,Јордан Х. К. Џинот” – Велес, кој е матична куќа на поранешниот сопруг на Калиопи, актерот Васил Зафирчев, со кого и по разводот пејачката продолжи со професионални соработки.
Големата сцена каде ќе се одржи настанот има простор предвиден за 370 луѓе во публика.
Вики Клинчарова