Повторно дојави за бомби во скопски училишта

by Fokus

Шест училишта во Скопје денеска добиле закани за поставени бомби.

Како што информираат од МВР, денеска во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Минатата седмица три дена по ред повеќе скопски училишта на мејл адресите добиваа закани за бомби, кои по полициските проверки беа утврдени дека се лажни.

Поврзани новости