Наскоро ќе биде ставен во функција третиот блок на РЕК Битола

by Fokus

Трансформаторот за третиот блок на РЕК Битола кој се изработува во фабрика во близина на Анкара во Турција е готов, технички е испитан и е подготвен за транспорт, истакна денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Тој нагласи дека трансформаторот со вкупна тежина од над 240 тони треба да се донесе до термоелектраната со специјален патен транспорт со композиција долга околу 54 метри за што се потребни специјални дозволи од Турција, Грција и од нашата земја.

-Од компанијата која го испорачува трансформаторот имаме информација дека се чека уште да се комплетира и подготви специјалната документација од Грција за да може тргне транспортот. Транспортот ќе трае од 10 до 12 дена и се очекува трансформаторот да пристигне во РЕК Битола околу 15 ноември што е 15 дена повеќе од она што го планиравме, но е согласно со рокот за испорака кој е до 15 ноември, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на РЕК Осломеј заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.

Поврзани новости