Очна клиника оди во рацете на Алијанса, Беким Татеши се враќа на директорското столче

by Fokus

Офталмологот Беким Татеши повторно се враќа на   директорското столче на скопската Очна клиника, неофицијално дознава „Фокус“.

Тој пред речиси четири години, поточно во 2018 година  раководеше со истата клиника, но си поднесе барање за разрешување до тогашниот министер за здравство Венко Филипче.

Ваквата одлука Татеши  ја образложи поради „новонастанатата состојба во владината коалиција“.

За време на тогашните преговори на Алијансата за Албанците со екс премиерот Зоран Заев, Татеши беше еден од можните кандидати на партијата на Зијадин Села за министер за здравство.

Тоа се случуваше во периодот кога Арбен Таравари од министерското столче се префрли на градоначалничката фотелја во Гостивар, па со оглед на тоа што тогаш АА беше во коалиција со СДСМ, името на Татеши се споменуваше како можен фаворит за нов министер.

Ирена Мулачка

Поврзани новости