Пратениците да донесат одлука за распуштање на парламентот, бара Демократски сојуз

by Fokus

Демократскиот сојуз предлага на утрешната седница пратениците да донесат одлука за распуштање на Собранието, со што ќе се создадат уставни можности во рок од 60 дена да се одржат вонредни парламентарни избори.

„Сосема е извесно дека нема граѓански и политички консензус за промена на Уставот, со која Бугарите ќе станат конститутивен народ во Македонија. Без реципроцитет за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како и без поддршка на преговарачката рамка, од која ќе бидат отстранети билатералните прашања (историски, образовни, јазични итн.) наметнати oд Бугарија и надвор од Копенхашките критериуми, нема и нема да има промена на Уставот.

Доколку пратениците водат сметка за автентичните национални и државни интереси, како и за евроинтеграциите, тогаш ќе ја донесат најиздржаната одлука, ќе го распуштат парламентот“, велат од Демократскиот сојуз.

 

Поврзани новости