388
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишникот од Куманово, кој откако вчера побегна од затворот „Идризово“, со употреба со огнено оружје изврши разбојништво во обложувалница.
Како што соопшти ОЈО, осуденото лице избегало од КПУ „Идризово“, каде требало да издржува казна затвор заклучно со јануари 2027 година. Потоа тој дошол до обложувалница во населбата Маџари, влегол во објектот и од зад грб му пришол на вработениот.
Му се заканил со пиштол и го принудил да ги извади парите од сефот и да ги стави во црна најлонска вреќа. Самиот осомничен продолжил да пребарува по фиоките каде пронашол уште пари и ги ставил во вреќата.