Во јуни во Охрид на обвинителна клупа ќе седне адвокатот Тони Менкиноски за поставувањето на знамето „Сонцето од Кутлеш’

by Fokus

Во текот на јуни, во Охридскиот суд ќе започне судењето на адвокатот Тони Менкиноски за поставувањето на знамето „Сонцето од Кутлеш“ на 27 април во Охрид.

На адвокатот ќе му се суди за нарушување на јавниот ред и мир.

Менкиноски сам се прјавил во охрдската полиција дека е одговорен за поставувањето на знамето.

Тој ја презема целата одговорност за настанот и тврди дека овој случај не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир, оти од него никој не бил вознемирен.

Поврзани новости