Буџаку: Да не е помошта однадвор, ЦУК тешко ќе ја сработи својата работа

by Фокус

Ситуацијата во Центарот за управување со кризи е полоша отколку во времето кога се формираше, вели во интервју за Радио Слободна Европа директорот Агрон Буџаку, кој во 2005 година беше првиот директор на оваа институција.

-Не е подобрена, туку е полоша откако ја оставив како нова институција и преминав во Собрание како пратеник, а тука бев само девет месеци. Имавме многу амбиции, нов закон, нова клима, но за жал поради субјективни и објективни причини ситуацијата е многу полоша отколку што јас очекував – оценува Буџаку.

Тој вели дека ЦУК има мал буџет, кој идната година според проекциите на министерот за финансии дополнително ќе се скрати, од кој околу 92 отсто оди само за плати.

-Да не се меѓународните институции кои не помагаат, како УСАИД, јапонската ЏАЈКА и германската институција за помош ГИС и ЕУ, тешко би ја сработиле нашата работа – посочува Буџаку.

Овие пораки на директорот на ЦУК доаѓаат во време кога на повеќе локации во земјава беснеат пожари, кои прават огромни штети врз природата, но и економијата.

Поврзани новости