589
Скопското обвинителство нема кривично да го гони адвокатот на пратеникот од ДУИ Ејуп Алими – Мефаил Арслани, поради заканата кон обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, објави А1он.
Обвинителката Спасенка Тумановска ги испитала пријавувачот, сведоците и пријавениот, но, како што објави порталот, кривичната пријава била отфрлена пред една недела со образложение дека делото за кое е пријавен адвокатот Арслани не е кривично дело.
На судско рочиште во јануари за предметот „Титаник 3“, обвинителката Фатиме Фетаи рече дека добила закани од адвокатот на Алими за нејзиниот колега Гаврил Бубевски, упатени со зборовите: „Ти си наша ти, може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата“.