Обвинителството нареди ново вештачење за смртта на Крпач

by Фокус 16:59
16:59

Продолжува истрагата за смртта на Коста Крпач, со кој беше пронајден мртов во својот стан, со што треба да се утврди дали се работи за убиство или самоубиство.

Основното јавно обвинителство и покрај завршената обдукција на Коста Крпач, доцна синоќа издало наредба за нови дополнителни анализи, со цел подобро расветлување на случајот пренесе 24Вести.

- Advertising -

„ОЈО изврши координација и консултација со Институтот за судска медицина и крим-техниката и даде наредба за вршење нови анализи, со цел подобро расветлување на случајот“, велат од Обвинителството за 24Вести.

Крпач во средата попладне беше пронајден мртов во својата спална соба откако, наводно, околу 13.20 часот, пукал од својот балкон на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец.

Од МВР информираа дека лицето било пронајдено со прострелна рана во градниот кош. Покрај телото било пронајдено и оружјето со кое најверојатно било пукано.

Поврзани новости