Обвинителството ќе ја испитува улогата на Иванов, Алексовски и Живаљевиќ на „црниот четврток“

by Фокус

Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе ја испитува вмешаноста на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, советникот за безбедност во неговиот кабинет Синиша Алексовски и на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ во крвавите настани во Собранието на 27 април.

Обвинителката од организиран криминал Вилма Русковска, која ја води истрагата, за САКАМДАКАЖАМ вели дека ова е нов момент во истрагата што треба да се истражува.

-Ова и за мене е ново, односно разбрав од медиуми, затоа што сум на одмор. Работата е сензитивна, ама во секој случај ќе се испита дали има поврзаност со организирање на крвавите настани. Самото присуство на Живаљевиќ е од една страна дипломатски скандал, а од друга страна кривично дело учество во толпа, повторно ќе кажам, ако не се докаже учество во организирање – вели обвинителката Русковска.

Поврзани новости