Обвинителството ќе ја истражува смртта на малата Тамара

by Фокус

Основното јавно обвинителство покренало предмет за смртта на 9-годишната Тамара Димовска од Велес, која почина вчера во Велешката болница, откако претходно била донесена без знаци на живот.

– Основно обвинителство по допрен глас, оформило предмет за случајот со починатото девојче Т.Д. од Велес, за кој вчера известија медиумите. Назначен е надлежен јавен обвинител, кој ќе го разгледа предметот и ќе започне постапка за утврдување на фактите и на евентуалната одговорност за смртта – се наведува во соопштението од ОЈО.

Поврзани новости