Собранието донесе три закони по скратена постапка

by Фокус

Измените во Законот за високото образование и за придонеси од задолжително социјално осигурување, како и законите за трансформација во редовен работен однос, попладнево ги донесе Собранието на Р.М по скратена постапка.

Според најавите на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, утре прво ќе заседаваат матичните и законодавно-правната комисија, а после по скратена постапка ќе се гласаат и законите за Академијата за судии и јавни обвинители, за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, за Советот за утврдување факти и покренување постапка за утврдување одговорност на судија, за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, за изменување на Законот за работните односи, за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како и за изменување на Законот за здравственото осигурување.

Поврзани новости