Тодоров не чувствува одговорност за смртта на малата Тамара

by Фокус

Министерот за здравство Никола Тодоров еден ден по смртта на малата Тамара Димовска се појави во јавноста на отворање на логопедски центар во полклиника Букурешт. И, покрај сите прозивки уаптени на негова адреса, дека тој е виновникот на прерано згаснатиот живот на 9-годишното девојче од Велес, Тодоров тврди дека е разочаран, но не чувствувал одговорност за нејзината смрт.

– Чувствувам разочарување, но морам да објаснам дека не сум јас тој кој одолговлекував. Кога слушнав за овој случај кој ме погоди ја викнав директорката на фондот и таа се заложи, се најдоа средства. Беше повикан еден од врвните хирурзи за спинална хирургија од Турција кој рече дека операцијата не може да изведе во Македонија и предложи да ја направи тим од лекари од експерти од различни болници Во Турција.Терминот требаше да биде одреден овие денови 8-ми или 9-ти, за жал не издржа. Мислам дека се што беше во моја моќ да направам, направив дури повеќе од тоа, но, очигледно не било доволно Жалам за овој немил настан и искрено сочувствувам со семејството – изјави министерот Тодоров.

Што е уште почудно во целата ситуација, пресот на министерот беше закажан во 12.30, а маил до новинарите беше испратен во 12.24 минути.

Поврзани новости