Обвинителството ја отфрли кривичната пријава која Вангеловски ја поднесе против Неделкова

by fokus 15:17
15:17

Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава која Јово Вангеловски, претседателот на Врховниот суд ја поднесе против врховната судијка Лидија Неделкова. Вангеловска пријавата против Неделкова ја поднесе на 18 јануари, бидејќи наводно изготвила писмо со невистинита содржина адресирано за Кривичниот суд, односно напишала дека писмото е изготвено од Кривичниот оддел на Врховниот суд, а според Вангеловски, одделот воопшто не одлучувал, туку Неделкова одлуката ја донела самостојно.

На овие обвинувања тогаш судијката Неделкова возврати дека пријавата е смешна и доаѓа од некомпетентно лице.

- Advertisements -

И покрај обвинувањето на Вангеловски, обвинителството одлучи да ја отфрли кривичната пријава, односно да не ја гони врховната судијка Неделкова.

В.В.

 

 

Поврзани новости