381
Обвинителството за организиран криминал се обидува да ги лоцира сопствениците на стотици мобилни телефони поврзани со крвавиот четврток.
Вмрежени се 140 телефонски броеви и преку нивна детална анализа се бара евентуално докажување поврзаност на учесниците на потешки кривични дела од учество во толпа на 27-ми април, брифираат извори за ТВ 24 од обвинителството.
Според информациите, обвинителите имале барања и до мобилните оператори во земјава. Засега официјално не се открива ништо од обвинителството кое ја работи предистражната постапка.