Одреден притвор за педофилот кој силуваше 11-годишно девојче во Пробиштип

by fokus

25 годишниот педофил од Пробиштип денеска доби 25 дневен притвор за сторено кривично дело полов напад врз 11 годишно девојче од Пробиштип.

Случајот во полиција го пријавил пред 3 дена нејзиниот татко откако во мобилниот телефон на малолетната ќерка пронашол фотографија со компромитирачка содржина.

Во пробиштипската полиција е извршен разговор со девојчето во присуство на нејзиниот татко и со стручен тим од Центарот за социјални работи, а по наредба на дежурниот јавен обвинител, во Клиничка Болница Штип е извршен гинеколошки преглед над неа.

Поврзани новости