Обвинителството го гони екс-градоначалникот на Охрид

by fokus

Основното јавно обвинителство за гонење на огранизиран криминал и корупција, во преметот „Јагула” поднесе обвинителен акт против Александар Петревски, поранешен градоначалник на Охрид, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Случајот беше отворен во 2014-та година, кога обвинителството донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 16 лица, меѓу кои за пет државни службеници вработени во Општина Охрид и пет управители на трговски друштва.

Осомничените се товареа дека во периодот од 2006 – 2013 година при вршење на јавни набавки за потребите на Општина Охрид, сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и други кривични дела, со што за други правни лица прибавиле имотна корист од околу 112 милиони денари, а на штета на општината.

Минатиот месец Основното јавно обвинителство со петмина од обвинетите склучи предлог – спогодби. Обвинетите како помагачи се правосилно осудени со Пресуди за едно продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. За останатите девет лица донесена е Наредба за запирање на постапката.

Поврзани новости