Груевски, Заев, Ахмети и Иванов гости на канонизацијата на Мајка Тереза во Рим

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов ги поканил лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА – Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, да присуствуваат на чинот на прогласувањето на Мајка Тереза за светица во РИм на 4-ти септември.

Иванов кој ќе ја предводи македонската делегацијата, ја свикал лидерската четворка во знак на помирување и политичко обединување. Присуство потврдиле Груевски, Заев и Ахмети, а се чека уште Тачи.

На свеченоста, покрај македонскиот претседател, ќе присуствуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, делегации на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, градоначалникот на Град Скопје, како и член на фамилијата на Мајка Тереза.

На 4-ти септември, кога папата Франциско во Ватикан ќе ја прогласи Мајка Тереза за светица, во капелата на нејзината Спомен-куќа во Скопје ќе биде одржана и свечена Света евхаристија, а ќе има и повеќе миси во Католичката црква, изложби, концерти и филмови за нејзиното животно дело.

Поврзани новости