Тргнати патоказите со бројот на иселеници во Река

by fokus 15:30
15:30

Патоказите во Реканскиот крај на кои освен насоки, имаше и број на иселени жители, се  тргнати и уништени.

Уште не се знае кому му пречеле патоказите,  а оние кои ги поставија велат дека ги трнала власта, бидејќи и боде очи вистината за тоа колку луѓе се иселени од овој крај.

Од општината Маврово Ростуше пак, тврдат дека нив ги тргнале револтирани граѓани. Од таму велат дека патоказите биле наместени без дозвола од општината и дека и тие би ги извадиле.

Инаку, патоказите беа наместени во герилата акција, што активисти од овој крај ја спроведоа еден ден пред Илинден, со цел да алармираат за една најголемите болки на реканскиот крај – иселувањето.

Поврзани новости