Обвинителството ги бара снимките од камерите во Ист гејт за вчерашното пукање

by fokus

Обвинителството денеска соопшти дека се собираат докази и дека се побарани снимките од повеќе локации во трговскиот центар Ист гејт и надвор од него, а во врска со вчерашното пукање на паркингот во трговскиот.

-Во врска со настанот во ТЦ Ист гејт, во текот на денот издадени повеќе наредби со цел идентификација на сторителите. Издадена е наредба за обезбедување на снимки од видео надзор на повеќе локации во и надвор од трговскиот центар. Предмет на вештачење и проверки е и возилото кое беше пронајдено опожарено. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот и мотивите, велат од Обвинителството.

Пукањето се случи вчера нешто пред 16 часот во гаражите на трговскиот центар во Скопје.

-Едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото од кое се пукало, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема, соопшти МВР.

„Фокус“ објави дека кон Раде Трајковски – Штекли било пукано со пиштоли со пригушувачи и автоматска пушка, но Трајковски не е повреден. Според нашите информации возилото е запалено и најдено во Горно Грчец.

На лице место била најдена една чаура.

Маскирани лица со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки пукале кон Штекли – возилото е најдено запалено

Поврзани новости