Обвинителството апелира политичарите да се воздржат од употреба на случајот Онкологија во политички цели

by Fokus

Се огласи Јавното обвинителство по изјавата на министерот за здравство Фатмир Меџити, дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија. Оттаму велат дека ЈО води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации, како што додаваат, се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката.

Додаваат дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови.

-Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели, порачуваат од Обвинителството.

Поврзани новости