353
Основното јавно обвинителество – Битола постапува во врска со случајот со смртта на шестгодишното девојче во Битолската болница, а причината за смртта се уште е не утврдена, инфомираа од Обвинителството.
-Бидејќи неколкумина прашуваа веќе денеска за настанот во болницата во Битола – Основното јавно обвинителство Битола издава наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки. Причината за смрт на девојчето се уште не е утврдена, велат од Обвинителството.
Таткото на девојчето вчера во изјава за медиуми рече дека девојчето починало откако му била дадена инфузија со гликоза, иако детето имало покачен шеќер.
Во тек е вонреден инспекциски надзор во Битолската болница, а директорот денеска ќе се сретне со министерот за здравство.