Ковачевски ја повика Бугарија да ги спроведе пресудите од Стразбур за Македонците

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање ја повика Бугарија како членка на ЕУ да ги спроведе пресудите од Стразбур за регистрација на партиите и организациите на Македонците во Бугарија.

-Македонци има во скоро сите држави во светот. Како што има Македонци во САД, Германија, така има Македонци и во Бугарија, Грција… Луѓе кои се самоопределуваат како Македонци и ним им следуваат сите права да ги изразат своите желби за самопоределување.
Постојат и пресуди на Судот за човекови права кои Бугарија не ги спроведува. Ги повикува бугарските власти согласно нормите да постапат, бидејќи се членка на ЕУ, да бидат почитувани сите права на секој поединец кој се самоопределува различно, рече Ковачевски.

Поврзани новости