Обвинителство: Се спроведува истражна постапка за 36 лица за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“

by fokus

Обвинителството ја заврши предистражната постапка за насилството во Собранието, што се случи на 27 април, поради што информираат дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка.

-Основното јавно обвинителство за гонење на  организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните  кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка. По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик., информираат од Обвинителството.

Поврзани новости