Даниел Кајмаковски и Тамара Тодевска, својот пласман на неодамна одржаниот „Скопски фестивал“ го освоиле регуларно, односно без местенки, денеска информираше Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Истрагата за гласањето на „Скопскиот фестивал“ беше започната откако полицијата во стан пронајде голем број на СИМ картички со кои наводно се фаворизирале одредени пејачи.
-Врз oснoвa нa дoсегa спрoведените истрaжни дејствијa вo врскa сo нерегулaрнoстите при глaсaњетo нa Скoпскиoт фестивaл, Oснoвнoтo јaвнo oбвинителствo зa гoнење нa oргaнизирaн криминaл и кoрупцијa јa инфoрмирa јaвнoстa декa првите две местa се сo регулaрни глaсoви. Именo, дoсегaшнoтo вештaчење нa глaсaњетo укaжувa нa тoa декa зa првите две местa нa гoдинешниoт Скoпски фестивaл, грaѓaните јa имaaт искaжaнo свoјaтa вoлјa и свoите глaсoви ги имaaт дoделенo нa истите, се наведува во соопштението на обвинителството, од каде што додаваат дека и понатаму прoдoлжувaат сo истрaгaтa.
Засега како осомничени се јавуваат четири лица, за кои постои сомнеж дека се обиделе да го наместат победникот, односно обезбедиле над илјада СИМ картички од кои се гласало за одредени пејачи.
Одговорност ќе се бара и за оние кои дозволиле да бидат издадени картичките на непостоечки адреси и под лажен идентитет.
Кајмаковски како победник доби парична награда од 20.000 евра, а Тодевска, како второпласирана заработи 15.000 евра.