Синдикати повикуваат на протест против обврската за плаќање на придонеси за хонорарците

by Фокус

Не за придонеси – вака гласи мотото под кое синдикатите и здруженијата кои се потписниците на Повелбата за солидарност, повикуваат на протест во понеделник, со почеток на пладне од Жена Парк, против давачките на авторските и договорите на дело, лажните социјални мерки кои значат 35 отсто помали хонорари, недостиг на загарантираните права од Законот за работни односи, кои произлегуваат од сетот законски измени што се однесуваат само за неколку категории на работници, сместувајќи ги другите во привилегирана група, ослободена од ваквите обврски.

„Ако ви е добро, ако ви е ладно, ако ве мрзи – тогаш седете си во топлите редакции, додека можете и имате каде да седите. Нема да помине многу – ќе се затворат и она малку критички медиуми, а осилените од реклами подуени „менаџери“ во оние другите на крај ќе ви бараат вие да им плаќате за да работите, оти главните текстови таму и така новинари не ги пишуваат, а вас ќе ве бркаат како вишоци без многу мака со телефонски пораки и мејлови. Оти им се може, оти сите ќе станете хонорарци новинари, хонорарци, сега мора да покажеме дека се спротивставуваме, ова сите не засега!“, соопштија од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, еден од потписниците на Повелбата.

Покрај новинарскиот синдикат, меѓу потписниците се Самостојниот синдикат на клиничките центри, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата, Синдикатот на македонската дипломатска служба, левичарското движење Солидарност и здружението Ленка.

Поврзани новости