Обвинителство не бара притвор за Васев, туку оддалечување од работно место и одземање на пасошот

by Fokus

„Не се докажало дека докторите од Клиниката за онкологија крателе или краделе терапии од пациентите кои примале скапа биолошка терапија“ рече обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска.

Напомена дека засега не се бара притвор туку мерки на претпазливост за екс директорите Нино Васев и Нехат Нухи.

„Мерките се однесуваат само за медицинскиот и организацискиот директор, докторите онколозите не се опфатени. Мерките се забрана за напуштање живеалиште, одземање на патна исправа“, рече обвинителката Гоговска-Јакимовска.

За Нино Васев е побарна уште една мерка.

„За медицинскиот директор има побарано и мерка за оддалечување од работно место“, додаде обвинителката.

Гоговска-Јакимоска порача дека истрагата ќе се проширува.

Поврзани новости