Обвинителство бара 5 години затвор за Заев поради поткуп

by Фокус

Обвинителството денеска поднесе ново обвинение против претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за примање поткуп. Тој наводно побарал 200 илјади евра од струмичанец за да заврши процес на приватизација на државно земјиште.  За вакво дело е предвидена затворска казна од минимум 5 години.

Земјиштето поради кое е отворена истрагата се наоѓа во индустриска зона во Струмица. Според МВР, Заев му побарал 200 илјади евра на биснисменот Иван Николов Сачевалиев, а тој тоа го пријавил во полиција. На Јутјуб се појави и видео од средбата на Заев и Сачавалиев, кое според аголот на снимање е снимено од бизнисменот. Обвинителството не се произнесе дали видеото е дел од посебните истражни мерки и дали ќе се користи и на суд.

Зоран Заев и неговиот адвокат тврдат дека власта преку Иван Николов Сачевалиев се обидува да го намести, по слично сценарио како што го наместила и Љубе Бошковски.

Поврзани новости