Обвинителот Бубевски за осомничени во „Титаник“: Тие се гонат за злосторничко здружување, а не за кражба на струја, па затоа опасноста за бегство е реална

by Fokus 10:25
10:25

Двајца осомничени во случајот „Титаник“ на СЈО  за изборните измами денеска од Апелациониот суд побараа да им бидат вратени назад патните исправи, кои им беа одземени со одлука на Кривичниот суд, а по барање на СЈО поради можност од бегство.

Леко Ристовски вработен во АД Мепсо и Далибор Алешковиќ вработен во влада пред судот истакнаа дека досега редовно се јавувале на сите покани на СЈО, па затоа и отсега ќе го прават истото на покана на судот бидејќи не планираат никаде да бегаат.

- Advertisements -

Алешковиќ истакна дека има тригодишно дете, па не планира да ја напушти државата, а дека има малолетна ќерка истакна и Ристовски.

Нивниот адвокат Димитар Дангов му забележа на Кривичниот суд дека дури за 16 осомничени во Титаник издал идентично решение, со кое им се одземаат пасошите на осомничените.

Обвинителот Гаврило Бубевски пак истакна дека тие се гонат за злосторничко здружување, а не за кражба за струја, па порадди тоа опасноста за бегство е реална и голема.

Поврзани новости