Обвинителката Ристоска бара притвор за Мијалков во „Шутка“

by fokus 11:48
11:48

По објавата на пресудата за случајот „Таргет и Тврдина“, со која екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, беше осуден на 12 години затвор, обвинителката Ленче Ристоска побара на обвинетиот да му се одреди построга мерка, односно притвор, бидејќи тој во моментот се наоѓа во куќен притвор.

-Во конкретниот случај сметаме дека мерката куќен притвор не е доволна, поради што бараме да му биде одредена мерка ефективен притвор. Во текот на вчерашниот ден обезбедени се известување од МВР согласно кои МВР не поседува технички можности, опрема, за 24 видео и електронски надзор, што е еден од сегментите на решението за куќен притвор, истакна обвинителката Ристоска.

- Advertisements -

Таа потенцираше дека Мијалков е добро ситуиран, како и неговото семејство, поради што може да живеее во бегство сосема комотно.

-Според добиените податоци од Европол, обвинетиот има регулиран престој во Прага, додаде обвинителката.

Адвокатот Љупчо Шврговски пак истакна дека барањето е неосновано, бидејќи тој се наоѓа во куќен притвор. Појасни дека и претходно и на обвинителството, но и на целата јавност, и била позната информацијата за имотната состојба на Мијалков, па затоа тоа не било претходно пречка да му се одреди куќен, наместо ефективен притвор.

Мијалков пак истакна дека во целост се согласува со она што го кажа неговиот бранител и дека нема што да дополни.

В.В.

Поврзани новости