Обвинител изврши увид во домот на Беличанец, нејзиното тело е предадено за обдукција

by fokus
Од Јавното обвинителство информираат дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари по судска медицина синоќа извршиле увид на лице место во стан во Скопје, каде беше пронајдена мртва актерката Билјана Беличанец Алексиќ.
Од Обвинителството велат дека безживотното тело на Беличанец го пронашол нејзиниот сопруг, кој ја известил полицијата.
Од таму додаваат дека нејзиното тело е предадено за обдукција, а јавниот обвинител издал и наредба за вештачење на трагите подигнати и обезбедени на лице место.

Поврзани новости