Обвинетите за насилството во Собранието на слобода – поминаа само со условни казни

by fokus

Деветмина обвинети за насилствата во Собранието на 27 април денеска добија условни казни затвор од 6 месеци ако во рок од една година не го повторат делото.

Во пресудата се наведува дека осудените ја турнале заштитната ограда на Собранието и се упатиле кон северниот и јужниот влез. Дел од осудените биле дел и од толпата која во прес-центарот со тупаници и клоци ги удирале пратениците, а сепак добија условна казна и денеска се пуштени на слобода.

Само Димче Христовски Жабата доби условна казна затвор од година и половина, ако во следните пет години не го повтори делото.

Жабата претходно има криминално досие, тој бил казнет со десетина години затвор поради двојно убиство во Прилеп.

Сите деветмина обвинети денеска на суд ја признаа вината со цел да добијат поблага условна казна.

Извор: Плусинфо

Поврзани новости