Судијкатa Петровска ги прифати доказите на СЈО за „Тврдина 2“

by fokus 13:09
13:09

Судијката Лидија Петровска ги прифати доказите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за случајот „Тврдина 2“, по што започна главната расправа. Во овој случај обвинети се седумина вработени во СЈО, на чело со Горан Грујевски, кои се гонат за уништување на службена документација поврзана со незаконското прислушување.

Адвокатите на обвинетите реагираа на одлуката на Петровска, но таа ги одби со образложение дека кога ќе има пресуда, ќе можат да се жалат до повисоките судови.

- Advertisements -

Министерот за внатрешни работ Агим Нухиу неодамна ги декласифицирал поголемиот број од доказите на СЈО, за  овој случај, а за кои до неодамна Управата за безбедност и контрарзузнавање (УБК) одби декласификација, односно се правдаа дека овие информации мора да останат класифицирани, бидејќи во спротивно би се загрозила безбедноста на државата.

 

Во случајот, познат како „Тврдина 2“, првообвинет е Грујевски, поранешниот началник на петтата управа и шест вработени во УБК. СЈО Грујоски го сомничи за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, како што претходно информираше СЈО во случајот „Тврдина“, исто така биле уништени во текот на 2014 година.

Поврзани новости