Насер Ештрефи, обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски, денеска, за кражба на велосипет, доби условна казна од една година, доколку во следните три години не стори ново кривично дело. Вака одлучи судскиот совет на скопска единица, откако обвинетиот призна дека го украл велосипедот од дворот на семејството Петкови во скопската населба Ѓорче Петров и побегнал.
За делото убиство на обвинетиот ќе му се суди во одвоен процес, а на денешното судско рочиште се откри и дел од неговата одбрана, односно обвинетиот ќе се брани дека убиството го извршил во нужна одбрана. Адвокатот на обвинетиот побара и да му се изврши психијатриско вештачење, кое според него треба да покаже дали тој бил способен да изврши убиство.
Ештрефи од Јавното обвинителство е обвинет за убиство со умисла, за што му се заканува казна затвор од најмалку 5 години.
Трагичниот настан се случи на 19 мај годинава, во скопсктата населба Ѓорче Петров.