539
Обвинетата Марика Зафировска, во случајот „ТНТ“ на СЈО за уривањето на комплексот „Комос“ не се појави на денешното рочиште, поради што истото беше одложено. Нејзиниот адвокат, Дончо Наков, рече дека Зафировска била нападната на 1 мај во викендичка во Катланово и дека се уште закрепнува од повредите. Отсуството го оправда со болничко лекување.
Според Наков, Зафировска и нејзиниот сопруг биле нападнати и претепани од лице кое им е познато. Нејзиното боледување ќе трае до 15-ти мај. Со лекарски преглед, рече Наков, и биле констатирани повреди на нозете, главата и рбетот.
Судењето продолжува на 11 јуни.