Изгубил контрола врз мопедот и паднал, двајца повредени

by fokus

Две лица се повредени откако дваесет и осумгодишниот К.Н. изгубил контрола врз мопедот кој го управувал и паднал на коловозот. Од незгодата со повреди се тој како и неговиот сопатник И.М. (27) од Скопје.

На повредените им е укажана лекарска помош во Градска општа болница “Св. Наум Охридски”, каде на К.Н. му се констатирани телесни повреди, додека на И.М. се здобил со тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување.

Поврзани новости