Обвинет за “27 април” задржан на лекување, обвинителката побара да му се суди посебно

by fokus

Сашо Марковски, еден од обвинетите за “27 април” не се појави ниту на денешното рочиште во Кривичниот суд, поради нарушена здравствена состојба.

Судијката Добрила Кацарска појасни дека Марковски е задржан во болница, бидејќи било потребно да биде под постојан надзор.

Обвинителката Вилма Русковска побара раздвојување на постапката за обвинетиот Марковски, вработен во УБК, кој е обвинет за помагање, односно се терети за бришење на снимките од безбедносните камери во Собранието.

Судијката Кацарска даде 20 минути пауза за да одлучи по барањето за раздвојување на постапката.

По паузата судијката истакна дека за Марковски е раздвоена постапката, односно ќе му се суди одвоено.

Поврзани новости