Откако имал вчера операција на Клиниката за уво, нос и грло, еден од обвинетите во случајот „Транспортер“ денеска седна на обвинителна клупа. Рече дека не сакал поради него да се одложи судењето. Сепак тој побара од судијката, Добрила Качарска, да го ослободи, односно да не присуствува на рочиштето, бидејќи не е во добра здравствена состојба. Судијката појасни дека тоа не е можно, бидејќи според закон неговото присуство е задолжително.
Судијката го праша дали сака да го одложи рочиштето, но тој рече дека ќе се обиде да го следи, но побара пауза во 13.30 часот бидејќи мора да оди на контрола.
На денешното рочиште сведочи поранешната директорка на основното училиште о Битола. Во овој случај на СЈО обвинети се 21 лице меѓу кои е и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Обвинети се за злоупотреби при организирањето на превоз за ученици.
В.В.