Таравари: Наш услов е почитување на Преспанскиот договор, Мицкоски нема проблем со тоа

by fokus

Новоизбраниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Според Таравари, условот за ново парламентарно мнозинство е почитувањето на Преспанскиот договор, а како што вели, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема проблем со тоа.

„Имаме наши услови. Сме разговарале со Мицкоски. Мицкоски нема забелешки за тоа. Преспанскиот договор мора да се почитува. Наш главен услов е интеграција на Македонија во ЕУ, и Преспанскиот договор секако“, порача Таравари.

Тој додаде дека доколку не успеат да создадат ново владино мнозинство, тогаш ќе се оди на нови парламентарни избори, а како можен термин го спомена октомври следната година.

Поврзани новости