Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 29 осомничени за случувањата од мај годинава во кумановско Дива Населба.
– Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинение против 29 лица. Обвинетите се товарат за сторени кривични дела ‘терористичка организација’ од чл. 394 – а, и за ‘тероризам’ од чл. 394 -б од Кривичниот законик – се наведува во соопштението на Основното јавно обвинителство.
Надлежниот обвинител во исто време доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите.