Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против служено лице од МВР за кривично дело незаконито влијание врз сведоци.
По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице вработено во МВР, а за сторено кривично дело незаконито влијание врз сведоци, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презело сите потребни дејствија за утврдување на фактите во предметот.
-Притоа е утврдено дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп на едно лице, а со цел да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока, соопштија од Основното јавно обвинителство.