СДСМ: Лицемерниот Груевски нема легитимитет да зборува за младите

by Фокус

Груевски единствено е загрижен за сопствената кожа, тоа е неговиот последен проект. Лицемерниот Никола Груевски нема легитимитет да зборува за младите, му порачаа денеска СДСМ на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој најави нови проекти за младите.

-Сите ветувања кои лажно ги ветуваш за младите се од функција на политички маргиналец, на залезот од својата кариера. Те чека соочување со одговорноста за тоа што им украде 10 години живот на младите. Лагите не поминуваат повеќе. Ниту пропагандата на твоите медиуми платена со 20 милиони евра, пари на граѓаните. После десеттата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, најдобрите студенти ќе биле вработени!? Поради Никола Груевски Македонија е рекордер по бројот на магистри и дипломирани млади луѓе кои ја напуштија сопствената земја. Лицемерие е тоа што Никола Груевски ја спомнува библиотеката „Браќа Миладиновци”, во чија читална лично тој направи упад, се вели во соопштението од СДСМ.

СДСМ порача дека кога тие ќе дошле на власт, ќе им овозможеле пракса и вработување на младите, а реконструкцијата на студентските домови ќе била реалност.

Поврзани новости