Обвинение за разбојникот кој се обиде да украде „ајфон“ од скопјанка

by fokus
Обвинителството поднесе обвинение за разбојникот кој се обиде да украде мобилен телефон „ајфон С6“ од скопјанка, која притоа и физички ја нападна. Исто така обвинителството побара осомничениот и понатаму да остане во притвор.
-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Обвинетиот 40-годишен скопјанец, на 16.02.2019 година, на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, со употреба на сила се обидел да одземе туѓ подвижен предмет – мобилен телефон Ајфон С6 во вредност од 40.000 денари. Обвинетиот се приближил на оштетената и започнал со тупаници да ја удира по главата и да ја турка. Кога оштетената паднала нанапред кон земјата, тој започнал да и го влече мобилниот телефон од раката. Откако не успеал во намерата да и го одземе, продолжил да ја удира и да ја влече за чантата. Оштетената, исплашена за својот живот, започнала да го удира со нозете и гласно да вика, барајќи помош. По ова, обвинетиот избегал.
Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, информираат од Обвинителството.

Поврзани новости