Обвинение за крадците кои го откопаа гробот на кумановката Јелена

by fokus

Од Обвинителството во Куманово информираат дека поднеле обвинителен предлог против три лица кои го откопаа гробот на починатат девојка од Куманово Јелена Филиповиќ.

-Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик.

Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години, сите од Куманово, заедно и по претходен договор, ноќта помеѓу 9 и 10 октомври, на Градските гробишта во Куманово, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

Со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен еден од гробовите, по што започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало телото на покојната Јелена Филиповиќ.

Го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел да пронајдат златен накит, бидејќи имале сознанија дека покојната наводно е закопана со злато на себе. При пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле, информираат од Обвинителството.

Поврзани новости