Обука за обучувачи во администрацијата!

by Фокус

Министерството за информатичко општество и администрација обучува лица кои понатаму ќе обучуваат административните службеници. Ќе се обучуваат 30 идни обучувачи, кои доаѓаат од различни институции, а во рамките на проектот за „Поддршка за реформите во јавната администрација“.

Настанот го отворија министерот Иво Ивановски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Гарет. 

Учесниците ќе минат циклус на три обуки, за да потоа своите компетенции и знаења ги пренесат на административните службеници на кои ќе им биде потребна соодветна надградба на сопствените знаења и вештини, се вели во соопштението на Министерството.

Поврзани новости