ОБСЕ: Властите во Москва да ги ослободат уапсените новинари

by fokus

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Арлем Десир ги повика руските власти да го почитуваат правото на новинарите да известуваат за јавни настани, како и да се ослободат сите медиумски работници кои се уапсени за време на денешните мирни протести во Москва.

– Ги повикувам властите да ги ослободат сите затворени новинари и да преземат брзи мерки за воздржување од употреба на полициска сила кон припадниците на медиумите, истакна Десир.

Тој нагласи дека на медиумите мора да им се овозможи непречено, слободно и безбедно известување од јавни настани.

Според последните податоци, на денешните протести во Москва, кои се одржаа во знак на солидарност со истражувачкиот новинар Иван Голунов, се уапсени повеќе од 30 медиумски работници, вклучувајќи и 11 новинари кои известувале од тој настан, а некои биле и малтретирани.

Поврзани новости