519
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска од 15 часот заедно со нејзиниот тим, ќе подготвуваат оброци за лице кои се социјално загрозени и од ранливи категории.
Таа ги повика сите граѓани, доколку се во можност да донесат намирници, но и да помогнат при подготовка на оброците.
„Неколку пати се обидовме да се вклучиме во тековни активности од овој тип, но исто така не сакавме истите да ги политизираме. Затоа решивме да започнеме нова активност, која се надевам, откако ќе станам Претседателка, ќе стане традиција на која ќе се придружат и дипломати и познати личности“, вели Силјановска.
https://www.facebook.com/events/2194826897299679/